ликвидира (св. и несв.)
Може еден по еден ќе нѐ ликвидираат, си велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Обрачот ќе се стега додека не се ликвидира и последниот бунтовник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Козите мораа да се ликвидираат и точка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Низ измачување се обиде точно да ја разбере идејата за ликвидирање на Рози која му беше вкоренета во мислите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Всушност се бара начин тие да се оневозможат, да се ликвидираат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По ликвидирањето на мамутите и идеолошкиот раскин со диносаурусите, опосумскиот монотеизам преминува кон својата наредна фаза: фалсификување на праисторијата.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
— Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот и на зима.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не ме ликвидиравте бидејќи ве плашеше смртта на човек.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Затоа мораше да се ликвидира или подобро, да се фати по секоја цена.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Штом него ќе го ликвидира, ти веднаш ќе се префрлиш на неговото место и ќе го свртиш возот накај Голем Вис, како што се договоривме...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со цел уништување на комунистите, окупаторот ликвидира и интернира голем број антифашисти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
- Сигурно некој од шумкарите го има ликвидирано...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)